Заев изрази благодарност до Српскиот државен врв за вториот дел од донацијата на вакцините на „Фазјер“ во земјава

Како што е познато, денес во С.Македонија пристигна и вториот дел од донацијата на вакцините „Фајзер“ од соседна Србија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на граничниот премин Табановце ги прими вакцините, а премиерот, Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави благодарност до Србија и владините претставници.

„Денеска пристигна и вториот дел од пратката од Србија со уште 3.510 дози со што, заедно со претходните 4.680 дози имаме доволно количини за имунизација на здравствените работници, нашите херои на првата линија во борбата со КОВИД-19, согласно Националниот план за имунизација.

Уште еднаш во мое име, во име на Владата на Република Северна Македонија и македонските граѓани, упатувам искрена благодарност до народот на пријателска Србија, до претседателот Александар Вучиќ и до премиерката Ана Брнабиќ за овој гест на разбирање, солидарност и поддршка во борбата со пандемијата.

Нашата взаемна грижа и поддршка продолжува и понатаму како традиционално пријателски народи и добри соседи посветени на нашите заеднички светли перспективи за кои имаме многу блиски допирни точки“, се вели во фејсбук објавата на премиерот Заев.

Слични содржини