Заев: Извештајот на УНЕСКО вклучи аларм за состојбата во Охридскиот регион, Владата ќе го чува културното наследство

По извештајот на УНЕСКО, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека е оддржан координативен состанок, на кој биле коментирани состојбите и препораките, за кои, како што вели премиерот, е вклучен аларм во Охридскиот регион.

„Нацрт-извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион, потребно е највисоко ниво на ангажираност за отстранување на сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро.

Денеска одржавме координативен состанок, на кој се анализираа наодите во нацрт-извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Владата е определена да се зачува статусот на Светско наследство на Охридскиот регион со цел заштита на регионот, владеење на правото и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, имајќи ги предвид реалните ризици и можноста Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство да биде прогласено за загрозено подрачје“, стои во фејсбук објавата на премиерот Заев.

Слични содржини