Заев: Ја осетив лутината на граѓаните за немањето преговори, размислував и за оставка

од Vladimir Zorba

Поради историската грешка која ја направи ЕУ, граѓаните треба да одлучат по кој пат ќе одиме, затоа се одлучив на предвремени парламентарни избори, затоа го корегириам мојот став, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање зошто го променил ставот за избори.

„Верувам дека треба уште посилно да продолжиме под координација на европската делегација овде со уште посилни реформи. Нашата аспирација за почеток на преговори во ЕУ, не е само да бидеме членка, туку да се организираме дома. Затоа велиме да ја донесеме Европа тука, во Северна Македонија. Затоа да им покажеме на сите дека дури и вака демотивирани и разочарани да докажеме дека можеме да ги спроведеме реформите. Мораме со сериозни реформи во правосудството, но и во здравството и образованието. Верувам дека можеме да продолжиме, целосно фокусирани, посветени. Уште еднаш покажуваме зошто европските лидери се бореа за нас, ќе им покажеме дека вредело и дека вреди да се борат за нас. Преспанскиот договор е направен за ЕУ и НАТО, но и за ново пријателство, еве ја Грција, тука до нас, не ни требаат кавги, ние сме мала земја. Пријателството се гради со взаемен респект на страните, само така народот ќе верува во тоа и ќе живее со тоа“, рече Заев.

Тој додаде дека Макрон претходно дал поддршка за референдумот, но тоа што се случи во Брисел е внатрешно прашање на Европската Унија и за тоа не треба да има лутина.

„Верувам дека Франција и ЕУ ќе го надминат тоа прашање. Во Брисел на последните состаноци буквално ги молев да не ги гаснат тие европски ѕвездички од знамето, зошто ние во таа темнина ќе се изгубиме. Немаме друг пат. Ние ја посакуваме Европа заради вредности, заради тоа што овде ќе биде како во Европа и тоа мора да го продолжиме. 27 лидери беа за Северна Македонија, јас ја разбирам дебатата што ја има Франција и верувам дека тоа ќе го корегираат. ЕУ е створена за да демонстрира вредности, тоа е 21-от век во кој што живееме. ЕУ заради нас дискутираа повеќе од 7 часа. Вчера безмалку сите премиери и претседатели ни се јавија, преку мене сакаа да го охрабрат народот. Таа пуста консензуалност 14 години не држеше заради друга земја, сега не држи заради друга земја, но верувам дека тоа ќе се надмине“, додаде Заев.

Според Заев, одлуката за избори била во владината коалиција, бидејќи и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети му било јасно дека мора да има предврмени избори.

„Реформите мора да продолжат, се гонат луѓе од власта, се истражуваат сите. Тоа ќе ги направи и во пракса реформите поуспешни“, вели Заев.

Во врска со шпекулациите дека си поднел оставка, премиерот Заев рече дека сите опции биле на маса.

„Го почувствував гневот, разочараноста кај граѓаните, па друи и гневот. Но реков, јас немам право да се откажам да се борам. Јас како и вие ја сакам мојата земја. Народот ни ја дава честа да водиме и тој ќе одлучи дали одиме по тој пат. Јас барам да продолжиме да одиме. Се друго е крив пат, со кој 27 години се вртевме во круг. Какви мисли и да поминаа кај мене, но по сите разговори, ја донесов одлуката. Во врска со Пржинската влада, јас сум тој кој ја барал таа влада и кога ќе биде законски рок, јас ќе се повлечам“, истакна премиерот.

Заев кажа дека има свои очекувања за избори, но прво сакал да ги слушне сите. Вели, важно е што ќе каже и опозицијата, а важно е да се слушнат и помалите партии.

„Непосредно пред одењето кон Австрија, со министерот Димитров и сите институции и градоначалници каде не се имплементирани барањата од Преспанскиот договор. Тоа што е директно врзано со поглавјата, веројатно ќе најдеме начин како да го имплементираме, веќе официјално е дека на 7 мај повторно ќе се навратиме. Верувам дека се што е поврзано со поглавјата, ќе остане така за да може да се имплементира“, рече Заев.

Според него, има разлика помеѓу осомничени и обвинети луѓе и додаде дека ако некој е обвинет, не може да биде дел ниту од власта ниту од неговата партија, СДСМ.

„Јас секој пат принципиелно сум стоел за осомничени/обвинети луѓе. Виновноста треба да се покаже преку надлежните органи. Ако вака се зборува само, тогаш тоа нема крај. Како политички партии, од етички причини ги исклучуваме осомничените. Како влада исто така стоиме на тоа, ако некој биде обвинет, не може да биде во неа. Но ако е само осомничен, тоа е друго“, рече Заев.

Слични содржини