Заев ја осуди руската агресија: Украинците се нашите херои

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер Зоран Заев упати поддршка за украинскиот народ и силно ја осуди руската агресија.

-Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи. Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината, објави Заев.

Поранешниот премиер потенцира дека сите заедно „Северна Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори“.

-Слава на Украина, порача Заев.

Слични содржини