Заев: Јас ќе успеам да формирам Влада во рок од 20 дена

од Берта Китинска

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска во Вила Водно му го предаде мандатот за состав на нова Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На прашањето што ќе се случи доколку не успее да оформи влада во рокод 20 дена лидерот на СДСМ рече дека е убеден дека ќе успее во таквото нешто, за разлика од како што рече, Никола Груевски, кој во 2016/2017 година не успеал во тоа.

„Ние имавме таква ситуација во 2016/2017 година, кога тогашниот мандатар Никола Груевски не успеа да формира Влада за рок од 20 дена. Ако не се успее да се оствари мнозинство мандатот се враќа.Разликата од него, е во тоа што јас ќе успеам да формирам Влада“, рече Заев.

Слични содржини