Заев: Јасна е пораката од народот и таму каде што победивме и каде што не победивме

од Берта Китинска

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев му порача: „Кочи Мицко, вториот круг е пред нас!“

– Јасна е пораката од народот и таму каде што победивме и каде што не победивме. Резултатите ќе ги обезбедиме со сите наши капацитети, но тие е можно само со локални самоуправи кои гледаат и сакаат напред. Го повикувам целиот македонски народ, борбата продолжува, злото се заканува. Кочи Мицко, вториот круг е пред нас. Убеден сум дека ќе имаме повеќе градоначалници во повеќе општини и нема да има дилема кој е победник на локалните избори. Состојбата на советите е во наша корист, не можеме сега да кажеме каква е состојбата, најверојатно ќе знаеме во раните утрински часови. Демократијата и слободата го донесоа правото да настапиме необединети како претходно. Ова се локални избори каде што граѓаните бираат кандидати, а потоа политички партии. Кога ќе ги сублимирате сите гласови, ние водиме на изборите. Во вториот круг, во 36 општини плус Град Скопје, влегуваме како фаворити – истакна лидерот на СДСМ.

Слични содржини