Заев казнет со 50 евра за неносење заштитна кацига додека управува со мотор

од Vladimir Zorba

МВР ги казниле премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче за сторени сообраќајни прекршоци, пренесува порталот Центар.

Заев, Николовски и Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.

Ова се случува по објавување на видео на кое се гледа дека премиерот не носи заштитна кацига додека управува со мотор.

Слични содржини