Заев: Ќе ги дислоцираме спомениците од „Скопје 2014“ и ќе направиме музеј

од Nikola Popovski

Сакам вечерва да испратам порака до градот дека Владата заедно со Скопје на чело со Шилегов, ќе ги дислоцираме споменици од проектот „Скопје 2014“, соопшти вечерва премиерот и претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на партијата во општина Карпош.

Според него, спомениците ќе се дислоцираат на полјана близу градот и од нив ќе се направи музеј.

-Тоа може да го поднесе државата, не чини пари и ќе го реализира за да остане симбол дека Скопје е прогресивно, дека Скопје слуша, Владата слуша и постапува по укажување на граѓаните, наведе Заев.

Слични содржини