Заев ќе има две заеднички средби со Радев во Словенија

од Nikola Popovski

Бугарскиот шефот на државата, Румен Радев е поканет на две последователни заеднички средби со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, објавија бугарските медиуми.

Првата е иницирана од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Подоцна, Радев е поканет од германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка средба со францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот Зоран Заев.

Пред два дена, Радев телефонски разговарал со неговиот германски колега, Франк Валтел-Штајнмаер, и изјавил дека регионот ќе има корист од напредокот во процесот на европска интеграција на Скопје.

Сепак, Бугарија очекува конкретни резултати во почитувањето на човековите права.

Слични содржини