Заев: Ќе имаме мнозинство самите да направиме влада

од Nikola Popovski

„Многу е важно да ја проектираме иднината, важно им е на граѓаните што ќе им понудиме, затоа во нашата кампања зборуваме за економијата, за здравството, за образованието“, изјави претседателот Зоран Заев на телевизиската дебата на МТВ.

„Ќе следува и четвртиот пакет економски мерки за да им помогнеме на граѓаните и на стопанството. Знаат граѓаните што не чека на краток рок, а што во следните четири години. Убеден сум дека ќе имаме големо мнозинство, дека ќе имаме доволен број пратеници за нова политичка влада. Ние имаме голема коалиција. Сакаме да формираме влада без да не условува некоја партија, без да влеземе во процес на уцени.“- изјави  Заев и со тоа најави дека е уверен во целосна победа.

Ваквиот став Заев го аргументираше со успесите и резултатите во овие три години, кои спроед него, се препознаени од граѓаните.

Слични содржини