Заев ќе сведочи за организаторите на „27 април“

од Берта Китинска

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Слични содржини