Заев: Ќе треба да се најде заедничко решение со Бугарија за Гоце Делчев

од Берта Китинска

На прашањето  дека Софија е гласна за решавањето на прашање за Гоце Делчев и дали С. Македонија ќе биде блокирана  на патот кон евроинтеграциите, премиерот Зоран Заев, вели дека заеднички ќе се договорат двете страни.

-Ние треба да ги помогнеме процесите ова прашање  е билатерално и нема никаква не може да биде на ниво на Европската Унија тоа е надвор од сите вредности на ЕУ. Македонците мора да водат грижа за Бугарите и обратно.Верувам дека ќе имаме успешни преговори, истакна Заев.

На прашањето доколку историчарите не се договорат дали ќе следи политичка одлука за да го прифатиме Гоце Делчев како Бугарин за да влеземе во ЕУ, Заев рече дека ќе се договорат девет страни за да има заедничко решение.

– Ќе треба да се најде заедничко решение. Треба да бидеме свесни, дека не може да кажеме дека Гоце Делчев  не е наш треба да видиме како тој заеднички не спојува, вели Заев.

Слични содржини