Заев ќе учествува на конференција на „Економист” во Атина

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Атина, Грција, а утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист” – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност”.

Заев ќе дискутира за подобрување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, регионалната соработка, проширувањето на ЕУ, како и зголемување на трговијата и инвестиции во време на превирања.

Тој ќе присуствува и на свеченоста на која ќе се обрати премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис.

Во рамки на официјалната посета предвидени се повеќе средби со стопанственици, дипломати, а исто така ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија. Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.

Слични содржини