Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември

од Берта Китинска

СДСМ е единствен и тоа сме го покажале во нашето функционирање, но секако сме различни од сите заради разноликоста на нашите ставови, општења и размислување и тоа не прави демократска партија, рече премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека ќе разговара со видните членови на СДСМ од Охрид.

– Листите од познати членови на партијата во Охрид се порака за нас и ќе разговораме со сите во СДСМ зашто СДСМ секогаш ги извојувал победите заеднички и заеднички ги реализирал промените. Има доволно време до изборите и ќе го искористиме за разговори  – рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање дали на изборите СДСМ ќе настапи со некоја од партиите од албанскиот политички блок, тој денеска одговори дека е рано да соопшти сега и, веројатно, тоа ќе се знае еден месец пред изборите кога, како што рече,традиционално се дефинираат коалициските настапи и се избираат кандидатите за советници и градоначалници.

– Сè уште е рано. Кога ќе ги донесеме одлуките на нашите состаноци, веднаш ќе ги соопштиме. Но, тенденцијата ни е сплотеност и заедно, и секогаш да настапуваме во духот не едно општество за сите. И уште сега го испраќам повикот за соработка , рече Заев.

Слични содржини