Заев: Кога избега Мијалков се знаеше дека владата ќе падне, па мораше да се тропне на маса

од Берта Китинска

Кога соопштија дека Мијалков не е пронајден, прво чувствував одговорност од мене па до сите. Убаво е што има истрага, бидејќи системот можеби некаде има маани, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Слободен печат“ коментирајќи го бегството на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Ги стегнавме институциите да си ја завршат работата. Кога гледате дека нема сериозен успех или посветеност, мора да тропнете на маса,рече Заев.

„Знаете како, обично службите Агенцијата за национална безбедност е одговорна за дома, а Агенцијата за разузнавање е за надвор. И сега велеа бил избеган надвор, на друг континент, па во Белград…зошто? Така тие нема да работат, ако е надвор нема што да работат. Ало, не е надвор, тука е! Да си ја завршите работата“, рече Заев.

Тој додаде дека  извекол поуки од бегството на експремиерот Никола Груевски и дека се што тогаш можеби можело да се направи, било преземено сега со цел враќање на Мијалков.

„ Јас лично многу научив од бегството на Груевски, тоа што тогаш можеше да се направи го направивме сега….Ми замеруваат дека сум кроток мирен, но знам кога да се тропне на маса. Дефинитивно кога гледате нема сериозен успех, посветено и тропате на маса, тука се знаеше, влада ќе падне. Ќе продаваме прочистување на судството,  избега Грувски, па Мијалков и што? Така што, или ќе ја завршите работата за тоа што ве плаќа народот сто отсто по закон , или си одите до четврток сабајле, а петок-сабота веројатно јас. И ќе дојде ново дете, што вика Цацко. Тоа е во демократијата “,рече Заев.

Слични содржини