Заев: Кога носите одлука врз основа на акт, етички или морален, мора да му ја мислите

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев смета дека мора да се смисли колкава е вината, како луѓето кои понудија оставки работеле, што понатаму.

-Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што би дале оставка, туку би заминале од политиката и не би се вратиле. Но не можеме да ги вратиме! Модуларните болници е пациентите да не седат по паркинзи. Целта беше исполнета, таму се сместуваат граѓани заболени од ковид-19. Ние не градевме болници, тоа се модуларни контејнери. Тие се секаде во светот така поставени. Замолувам за целосно споделување на вистината. Јас реков никој не е венчан за ниту една функција. Функцијата е обврска како што е право. Јас можеби нема да ги прифатам, но можеби и ќе ги прифатам оставките. Моралната одговорност е направена. Ми требаат податоци, за да одлучам што со пандемијата, дали ќе треба некој да обучуваме во нови шест месеци, додаде Заев.

Тој  напоменува ќе земе предвид повеќе елементи, меѓу кои и минатиот труд на лицата коишто ги поднесоа оставките, како и тоа кој би можело да дојде на нивните места.

-Кога носите одлука врз основа на акт, етички или морален, мора да му ја мислите – што после тоа, колкава е во суштина вината, колку тие луѓе успешно работеле во минатото, согласно тоа ќе го градам својот став. Мислам и на одговорноста за иднината, како ќе продолжиме, кој и како ќе го менаџира системот, корона пандемијата продолжува, здравствениот систем е и те како важен, рече Заев.

Слични содржини