Заев: Коридорот 8 е една од најважните македонски капитални инвестиции (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ние градиме, го модернизираме Коридор 8 како една од најважните македонски капитални инвестиции,сподели на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев.

„Коридор 8 е главната артерија која ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море.

Работите на патната инфраструктура на Коридорот 8 се одвива на целиот исток на земјата, а само во северо-источниот регион се реализира инвестиција од над 80 милиони евра со интензивирана изградба на патната мрежа како никогаш досега“, посочува тој.

Слични содржини