Заев: Кризата спласнува, но вирусот се уште е присутен затоа не смееме да се опуштиме (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Време е сите ние, како поединци, но и како општество да се подготвиме за новата нормалност, да живееме со коронавирусот, изјави во своето видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој напомена дека кризата спласнува и дека се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен.

Затоа не смееме да се опуштиме.Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето.Носењето заштитна опрема на лицето, како маска или марама, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие.Овие основни мерки за заштита мора да бидат наше правило од кое нема да отстапуваме. Наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето.

На тој начин, сите ние, делуваме како тим. Заеднички си помагаме, но им помагаме и на здравствените работници кои со месеци се на првата линија на борбата со вирусот, изјави Заев.

Слични содржини