Заев: Легализацијата на марихуаната има успех во борбата против тешките дроги и ги засилува здравството и економијата

од Vladimir Zorba

„Дел од Кривичен Законик, дел од Законот за опојни дроги, мора законски интервенции да има ако сакаме да легализираме марихуана. Прво што е најважно е медикал канабис. Станува збор за лек, во Германија има 68 лекови на позитивната листа кои се создадени од канабис, а помага за епилепсија, за карциномите, за Паркинсова болест, тоа го велат научниците кои со години истражуваат. Сите научници отвораат центри за канабис и помагаат на пациенти. А сето тоа помага финансиски развој. Во следниот период ќе имаме дебата, има голема прифатливост за сега, кажав веќе дека за половина грам не треба да се затвораат луѓе, а гледаме колку акции има МВР за криумчарење марухуана и го охрабрувам министерот за внатрешни, Спасовски, да продолжи така. Многу држави ја легализирале мерихуаната, пред се за развој на туризмот. Се лекуваат цели семејства. Јас ја отворам дебатата, и очекувам дека во неа ќе делуваат помладите и поавангардните сили и ќе издејствуваат легализација. Треба да се знае дека тоа внесува девизиен прилив во државата, помага во борбата против тешките дроги, го засилува туризмот…“- посочи премиерот Зоран Заев, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Тој не можеше да гарантира дека легализацијата лесно ќе помине во парлементот, но очекува неколку месечната дебата да го смени мислењето за канабисот кај многумина кои сега не веруваат во неговите здравствени и економски придобивки.

„За мене е убаво да ги искористиме сите потенцијали, немам море, немаме пристаништа, туку домашните потенцијали треба да ги користиме, и други теми ако отвори некој како потенцијални за развој, спремни сме да разговараме. Токму таа дебата ќе го смени ставот кај граѓаните, некои гледаат сериозен потенцијал, некои се против, и тоа е разбирливо во вакво општество. Но, нагласувам дека легализацијата е најголем успех во борбата против користењето тешки дроги. Легализацијата е економски потенцијал државата.

Дополни дека данокот на добивка од производството на марихуана од 10 ќе се зголеми на 20 отсто, за да има пари за финансирање на спортот, културата и граѓанскиот сектор, а препорача дека легализацијата е добро да оди постепено, односно да започне од некои туристички места, па потоа да се шири.

Слични содржини