Заев лично ќе разговара со Борисов околу прашањето за македонскиот јазик

од Viktor Jovanov

Премиерот Зоран Заев изјави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу прашањето за македонскиот јазик кој бугарската академија го оцени како бугарски дијалект.

-Јас веќе воспоставив контакт со Борисов. На крајот на декември или почетокот на идната година ќе се сретнеме и ќе разговараме. ние сме пријатели, имаме намера да бидеме европејци, рече Заев.

Премиерот не откри како Северна Македонија ќе реагира кон Бугарија по однос на ова прашање.

Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во Македонија, денеска рече дека изјавата на бугарскиот Парламент е официјалниот став на Бугарија. Бугарското собрание во октомври ја усвои Повелбата за целосна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, но со услов државата да исполни серија услови кои се однесуваат на историјата и јазикот. БАН на вонредна седница го усвои ставот дека македонскиот јазик не постои и е само „регионална литературна норма“ или „дијалект на бугарскиот јазик“.

Слични содржини