Заев: Макрон има посебно место во развојот на македонско-француското пријателство

од Nikola Popovski

„Посебна чест е да ја оствариме оваа работна вечера во Елисејската палата со претседателот Макрон и со тоа ја изразувам мојата голема благодарност, во име на Владата и граѓаните на С. Македонија“, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред Елисејската палата, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој посочи дека денешната средба ги збогатува нашите билатерални пријателски врски, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Република Франција.

„Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение“, соопшти Заев во изјава за медиумите.

Претходно во текот на денот, владината прес- служба соопшти дека Заев, Димитров и Османи вечерва се во работна посета на Париз со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Слични содржини