Заев: Мерките даваат видливи резултати, туризмот во јануари-јули 2021 година е зголемен за 56,6 отсто во споредба со лани

од Берта Китинска

Мерките на Владата даваат видливи резултати, туризмот во периодот јануари-јули 2021 година е зголемен за 56,6% во споредба со истиот период претходната година. Денеска го одбележуваме Светскиот ден на туризмот, под глобалното мото “Tourism for inclusive growth”, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

-Владата со конкретни мерки, во консултација со сите чинители во секторот, ја поддржа оваа индустрија која беше една од најпогодените од пандемијата во светски рамки.

Мерките кои се имплементирани, годинава дадоа видливи резултати:

Бројот на туристите во јули 2021 година изнесува 136.291, од кои 66,4% се домашни туристи, а 33,6% се странски туристи.Бројот на ноќевањата во јули 2021 година изнесува 618.314, од кои 83% се од домашните туристи, а 17% од странските туристи.Во периодот јануари-јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 46,4%, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 36,4%, а кај странските зголемувањето е за 79%.Како главни проекти кои придонесоа за зголемување на бројот на туристи беа кампањата „Дома си е дома“ и ваучерите за домашен туризам, додека кај странските туристи безбедосниот печат (safe travel stamp).Секторите туризам и угостителство и оваа година беа поддржани со директни грантови од страна на Владата, кажа Заев.

Слични содржини