Заев: Мијалков се предаде, заради тоа што нема начин како да се исплати или реализира самото бегство

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на денешните пратенички пршања рече дека во мала земја како нашата, посебно за некој што бил директор на УБК долги години, не е тешко да слушне дека некој побарал притвор, за да може да се крие 40 часа.

Четириесет часа може и некој ситен џепарош, криминалец да се скрие, ама тој ќе биде пронајден ако системот функционира, рече премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

Тој одговараше на прашање на пратеникот Миле Талески кој го праша до каде се реформите во правосудниот систем, а Заев од собраниската говорница како резултат на досегашните реформи го посочи случајот со Сашо Мијалков, кој два дена ја крена цела јавност и и држава на нозе за потоа сам да се пријави во Обвинителството за да си го земе решението за куќен притвор.

– Треба да знаат нашите граѓани дека во држава, која 11 години беше окупирана држава со индиции за украдени стотици и стотици милиони евра, не е лесно во ваков систем на земја во развој со тенденција да стане полноправна членка на ЕУ и следниот чекор да биде отворање на поглавјата за преговори со ЕУ, во систем во кој последиците од 11 годишен режим оставиле свои траги и допираат до луѓето. Да дочекаме да имаме завршница на вакви крупни случаи што се симбол на борбата против криминалот и корупцијата. Среќен сум што македонското правосудство и обвинителство и за судство, кои ги донесоа предметите на својата завршница, еден дел се веќе завршени со правосилни судски пресуди, еден ден се пресудени на прв степен, еден дел се пред соопштување на пресуда, како што е еден од најважнните случаи Таргет тврдина. Закажана е за утре соопштување на пресудата и веројатно тоа беше причината зошто еден од обвинетите во тој случај Сашо Мијалков се пушти во бегство, изјави Заев.

Тој додаде дека може системот да биде ставен во функција, почитувајќи ги сите закони.

-Затоа Мијалков се предаде, заради тоа што нема начин како да се исплати или реализира самото бегство. Уште еднаш тврдам дека во мала земја како нас, посебно за некој што бил директор на УБК долги години, не е тешко да слушне дека некој побарал притвор, за да може да се крие 40 часа. Четириесет часа може и некој ситен џепарош, криминалец да се скрие, ама тој ќе биде пронајден ако системот функционира, рече меѓу другото премиерот Заев.

Слични содржини