Заев: Милевски не калкулира, имаме заеднички поединци од Шарената револуција

од Nikola Popovski

Јас не водам влада во спротивставени правци. Нашиот правец е напред дома и обединување, владеење на правото, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција, како одговор на новинарско прашање, во однос на тоа дали доколку падне градот Скопје, ќе падне и владата.

Според, него коалицискиот партнер Горан Милевски не калкулира и тие се заеднички владини партнери.

-Верувам во поддршката на ЛДП и ДОМ. Имаме поединци од Шарената револуција, независни граѓани настапија. За граѓаните ќе биде понижување ако натераат да гласа за некого. Секој граѓанин си знае што е најдобро за него, да си определат како што мислат, истакна Заев.

Слични содржини