Заев: Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а до пред четири години беше 9.000

од Nikola Popovski

Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра, најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓаните на Кочани.

Според него, Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.

-Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество. За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред, соопшти Заев од Кочани.

 

Слични содржини