Заев: Мисијата на Светите Кирил и Методиј е пример за обединување на словенските народи

од Andreja Salpe

Заев денеска присуствуваше на промоцијата на печатеното издание “Проглас” и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј”.

-Мисијата на Светите Кирил и Методиј е еден од првите примери на обединување на словенските со другите народи во Европа, за поврзување на различни култури со почитување на разликите. Тоа е вредноста на која и денес се повикуваме, сеќавајќи се на нив и на историјата, истовремено свртени со поглед кон иднината и за која велиме дека заедничките допирни точки не не делат туку не поврзуваат, истакна денеска премиерот Зоран Заев на промоцијатa на печатеното издание „Проглас” од Константин Философ – св. Кирил и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј”.

Цел на нивните мисии, покрај ширењето на христијанството, биле и описменувањето и просветувањето на населението, а темелот на тој култоролошки процес, посочи Заев бил создавањето на првата азбука – глаголицата, за чија основа Кирил ги земал говорните карактеристики на словенското население во Македонија од околината на Солун.

Заев потсети дека промоцијата на „Проглас” и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј”, коиницидира со два јубилеја – 30 години од осамостојувањето на РСМ и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, основоположникот на современиот македонски јазик.

Слични содржини