Заев: Мицкоски разговара за да не се договара

од Nikola Popovski

„Не е се за критика, нешто е за поддршка, одговори претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Стар, на прашањето во врска со обвинувањата на опозицијата за пакетит антикризни мерки.

„Пакетот е за добробит на граѓаните, да спасиме економија, стандард, за заштита на честа на родител пред дете, за тоа се работи, дали преку осигурување на плати или друго“, истакна Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ тера голо критизерство без аргумети.

„Мицкоски излегува пола саат по објавување на мерките, немал време ниту да ги прочита и вели ништо не чини, вика ништо не е тоа, а пуштаме пакет од 470 милиони евра, нагласи Заев, дополнувајќи дека „не може да седнете со Мицкоски да се договорите, тој разговара за да не се договара, во измнатиот период од три години колку е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ една работа не договоривме.

„Со Груевски договривме пржинска влада, специјално обвинителство, нема ни една работа што е договорена со Мицкоски“, рече Заев.

Тој истакна дека опозицијата треба да биде буден следач на работата на власта, коректив на нејзината работа, а ВМРО-ДПМНЕ и откако граѓаните одлучија на избори, и ни ја дадоа довербата, продолжува со злокобни зборови на омраза, владата уште не беше избрана кога излегоа на протести.

„Тоа можам да го објаснам само со самобендисаност, нарцисоидност, фрустрација само да се додржи во фотелјата во Белиот дворец, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се гази пред себе, тоа не добро. Ако опозицијата е слаба лошо е за државата, лошо е за СДСМ, да има добра опозицијата е ќар за граѓаните“, рече Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ немаше став за името, за Бугарија, за законот за јазициите, никаде ги немаше.

„Ние можеме да продолжиме и вака, државата пак ќе оди напред и СДСМ ќе победува, ВМРО- ќе губи, но посакувам да работам заедно со опозицијата, да почувствува дека сите заедно сме одговорни“, истакна тој.

Слични содржини