Заев: Многу наши граѓани не беа примени од градоначалниците, ќе ја исправиме грешката

од Nikola Popovski

Разбистрена е сега ситуцијата во вториот круг. Верувам во успех во Скопје, иако не беше очекуван резултатот после првиот круг, вели премиерот Зоран Заев во дебатната емисија „Клик плус“.

Тој информира дека партијата води во 19 општини и дека имаат шанси во уште 32.

-СДСМ не изгуби од ВМРО-ДПМНЕ, дури имаат помалку гласови од претходно. Тие континуирано паѓаат. Ние добивме жолт картон, но тоа не е поради проектите. Слободата и демократијата си го направија своето на нашето конто. Имавме независни листи, но со исти политички убедување како нас. Тоа се наши гласови. Друг дел од гласачите останаа дома. Имаме различни гласачи за разлика од опозициската партија. Имаат слободарски дух и не се задоволни од нас и затоа мораме да ги посетиме. Многу граѓани не беа примени и посетени од градоначалниците за нивна лична потреба. Сигналот е пратен и примен. Ќе ја исправиме грешката, потенцира Заев.

Слични содржини