Заев: Мора да им се застане на патот на сите кои го корупираат општеството

од Берта Китинска

Не постои ситна или голема корупција, ниту пак различен пристап меѓу големата и малата корупција. Пристапот е единствен, на корупцијата мора да и ставиме крај без разлика од каде доаѓа и кој се нејзините димензии. Мора да им се застане на патот на сите кои го корупираат општеството, а тоа го можеме само заедно – истакна премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во Владата на која беше промовирана кампањата „Сега сѐ е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството .

Порача дека никој не е заштитен и оти мора со заеднички сили и со помош на граѓаните да се искорени оваа појава.

–  Најсилната помош која треба да ја добиеме е од граѓаните. Тие треба да пријавуваат. Граѓани не се плашете, пријавувајте корупција – порача Заев.

Целта на кампањата е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата.

Слични содржини