85
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати јавна честитка на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.
„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, сè повеќе се радувам што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји — Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа и светот, дека и најтешките прашања меѓу држави можат да се решат по дипломатски пат,“ напиша Заев во пораката.