Заев му честиташе на Џафери: Внуците и семејството се вистинските вредности, се друго е минливо

од Берта Китинска

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговрајќи на  новинарско прашање за ставот на претседавачот на Парламентот Талат Џафери дека претседателот на Собранието во рок од три дена треба да ги извести пратениците за овој чин, рече дека сега кога нема претседател, пратениците ќе дознаат од медиумите дека тој го добил мандатот и дека со тоа Џафери само сакал да си ја заврши својата деловничка обврска. Водено тој упати и честитки за внукот на Талат која, беше една од причините заради која беше одложена седницата.

– Да е жив и здрав внукот на Талат Џафери. Вреди за нив да се радуваме, затоа што се друго е минливо. Јас не добив покана за седница во Собранието,  а не доби ниту некој од 120 те пратеници во парламентот, туку имаше соопштено најава за подготовка на евентуална седница, веројатно во консултации со стручни луца е донесено одлука да не се одржи таа седница. Но слушнавме дека службите добиле насока за подготовка на седницата, која еве до овој момент не е закажана таква седница и верувам дека нема да има таква седница бидејќи преговорите продолжуваат, рече Заев и додаде дека од денеска течат дваесетте дена за мандатарот да формира влада.

 

Слични содржини