Заев: На ДУИ и пречеше транспарентноста на владата и затоа ќе оди во опозиција

од Nikola Popovski

Денес се можете да кажете за владата, денеска има деморкатија, денес сме сите еднакви, но ние ќе продолжиме да градиме уште потранспарентна влада за народот и за поголеми права на сите граѓани, но и за подобра иднина“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Има политички партии на кои не им се допаѓа таквата отчетност и транспарентност, една од тие партии е и ДУИ и затоа ќе оди во опозиција. Ние немаме време да ги чекаме, мораме целосно да бидеме отчетни, ќе има контрола на сите трошења, институциите ќе бидат отворени и ќе се знае секој денар за што ќе се потроши“- уверуваше Заев од предизборната трибина на коалицијата „Можеме“ во Шуто Оризари.

Заев потсети на големите одлуки на неговата влада со кои се отвора патот за економски реформи и поквалитетен живот.

„Додека тие сакаа власт ние се боревме за народот. Носевме одлуки затоа што само по европскиот пат можеме да донесеме пари кај народот. За две и пол години успеваме да станеме членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ. Нема да отстапиме од тој пат ниту ќе дозволиме некој да ни го смени правецот. Ние сме најголема коалиција, со сите етнички заедници, и овој пат ќе победиме низ целата држава.“- рече Заев во пораката дека сите обединети мора да покажеме сплотеност и заедништво кон остварување на стратешките цели за државата.

Слични содржини