Заев: На екипата „Лажни вести“ им порачувам да престанат да му штетат на народот

од Aleksandar Todeski

Многу е важно да се информираме правилно и да споделуваме само проверени информации во периодот кој ни претстои, пишува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Институциите досега навремено и точно информираат и верувам дека тоа така ќе продолжи и во иднина. Верувам и дека медиумите ќе продолжат да помагаат со своето одговорно и професионално известување. Благодарение на нив имаме информирана јавност. На оние од екипата “Лажни вести” им порачувам да престанат да му штетат на нашиот народ“, пишува Заев на Фејсбук.

Тој апелираше граѓаните да бидат одговорни, да се почитуваат, да си помагаат и да се чуваат. Вели, секој живот е важен, секој човек е важен.

Слични содржини