Заев на ФБ: Го видовме нашето место на мапата членки на НАТО

од desk2

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша „Го видовме нашето место на мапата членки на НАТО. 30-тото место е за Македонија. 30-тиот јарбол е за македонското знаме“.


Тој по средбата и заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел објави фотографија на која заедно со Столтенберг гледаат во мапата на земјите членки на НАТО.

– Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна Столтенеберг на прес-конференцијата со Заев во Брисел.

Столтенеберг го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, оценувајќи го како огромно постигнување и пример за другите во регионот.

Слични содржини