Заев на Канал 5: Граѓаните да гласаат во масовен број, со Филипче и оваа здравствена комисија сме безбедни

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју Канал 5, се осврна на очекувањата од изборите и нагласи зошто е важно на 15 јули граѓаните да излезат и да гласаат за Коалицијата Можеме.

-Верувам дека граѓаните ќе излезат во масовен број. Зошто? Бидејќи ако не излезат ризикуваат враќање не режимот. А безбедноста на гласачите не е донесена под прашање. Сите знаат дека со Венко Филипче, со оваа Влада, со оваа здравствена комисија дека сме безбедни. Многу поризично е враќањето на режимот што ќе значи враќање на хаосот во здравството и економијата, затоа бараме поддршка од граѓаните, на 15 јули да ја поддржат нашата понуда преку глас за бројот 3, сподели Заев.

Тој вели дека имаат капацитет да ја трансформираат економијата и тоа го докажале изминатите три години.

-Ќе го докажеме и во следниот период и затоа бараме поддршка од граѓаните во среда, изјави Заев во вечерашното гостување.

– 80 проценти од кампањата ни беше посветена на економските теми. Просечната плата ќе биде 34,000 денари за наредните 4 години. Минималната плата ја зголемивме за 60%, од 9,000 на 14,500. Тоа не е доволно, но е базата која е потребна за раст на сите други плати. Во наредниот мандат, ја зголемуваме минималната плата на 20,000 денари. Покажавме и ќе покажеме дека има пари за се во државата само треба да се работи чесно и одговорно, посочи Заев.

Ова, додаде тој, е препознаено од граѓаните и затоа очекувам дека на 15 јули ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и ќе покажеме дека можеме и повеќе и подобро.

Слични содржини