Заев на Мицкоски му ја подари програмата на СДСМ со негов потпис

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев синоќа на ТВ соочување на националниот сервис, на Христијан Мицкоски лидер на ВМРО – ДПМНЕ, му подари знамиња на НАТО и ЕУ, како и програмата на СДСМ со негов потпис.

– Бидејќи ова е наше последно соочување, би сакал да остане запаметено. На Мицкоски му подарувам три подароци. Едно македонско знаме, да си ја сака татковината повеќе, и да остава простор за добра иднина на оваа наша татковина. Едно знаме од НАТО, успеавме да станеме членка на НАТО. И едно знаме на Европската унија, која е наша заедничка цел, на целиот народ. Имаме преговарачка рамка, ќе ја донесеме Европската унија, а ние ќе станеме нејзина полноправна членка. Му подарувам и Програма за да види што се можеме, рече Заев предавајќи му ги подароците на Мицкоски.

Слични содржини