Заев: На никого во земјава не му се нарушени правата ниту на граѓаните кои се декларираат како Бугари

од Берта Китинска

На никого во земјава не му се нарушени правата ниту на граѓаните кои се декларираат како Бугари, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање за наводите на бугарскиот претседател, Румен Радев кој побара да се превземат мерки за да ги одбранат правата на Бугарите во РС Македонија.

„Јас се надевам дека е информативен состанок во којшто сакаат да соберат информации од граѓани коишто се со бугарска определба, и ќе споделат некои информации ако некаде некои права не се признаени или се непочитувани. Недозволиво е мешање на туѓа земја во друга земја. Ние тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство со Бугарија и не само тоа, во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинства, затоа што тоа се решава при Совет на Европа, pреку судот на советот на Европа не треба да дојде до судар ако на некоi граѓани не им се еднакви првата, ние сме тука да реагирам како институција.Јас нема проблем со определбите на граѓаните“, рече Заев.

Слични содржини