Заев на прашањето дали ќе се повлече по вториот круг на локалните: „31 октомври е ол ин“

од Nikola Popovski

Со победа на ВМРО-ДПМНЕ, немам дилема што се враќа, нивниот однос, карактерот на луѓето, во политиката се враќа режим, тоа се истите луѓе, без дилеми. И тоа е право на определба, во тоа веруваат. Мислат дека уметничката вредност на тендерите носи повеќе пари, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се повлече од функцијата доколку не победат во градот Скопје.

Тој во синоќешното интервју потенцира дека Владата предводена од него не може да влече напред кон ЕУ, ако има политики на локално ниво кои што ќе направат сè да не скараат со Бугарија и со Грција.

-Не можам да се борам и да обединувам и да се залагам за едно општество, ако дојдат националисти во градот Скопје и луѓе скриени позади независна кандидатка. На 31-ви октомври сме „ол ин“. Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е закана, истакна Заев.

Слични содржини