Заев на средба со Борисов за Делчев најдоцна до 10 ноември

од Vladimir Zorba

Очекуваме во периодот до 10 ноември да направиме една средба. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори, а тоа е токму прашањето за ова следно историско поглавје, а тоа Гоце Делчев како историска личност и овој период од историјата. На 10 – 11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Очекуваме овие денови да добиеме и повратна информација од Бугарија за да можеме да седнеме да поразговараме на подготовката за Берлинскиот процес, секако и за ова отворено прашање, рече Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција за средба со бугарскиот премиер.

Вели дека е добро што заедничката Комисија за историски и образовни прашања работи за изнаоѓање заедничко решение, изразувајќи уверување дека ќе испорачаат опции на иницијативи на решение на проблемот.

-Генерално нашето очекување е час поскоро да седнеме да изнајдеме решенија на ова прашање, да го подготвиме и бидеме навистина одлични во организацијата на Берлинскиот процес. Кажувам одлични во констелација и на Ковид-19 кризата што опстојува, но секако и очекувајќи до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, вели Заев.

Слични содржини