Заев на средба со новиот грчки амбасадор во земјава: Грција и С.Македонија се пример за стабилност во З.Балкан

Премиерот на С.Македонија, Зоран Заев денес оддржа работна средба со новиот грчки амбасадор во земјава, Русос Кундурос.

На состанокот било констатирано, дека двете земји ќе продолжат во добрососедските насоки, преку унапредување на соработката во областите кои се важни за граѓаните на двете земји. Преку ова пријателство, беа согласни, С.Македонија и Грција промовираат стабилност во рамки на Западен Балкан.

На средбата Кундурос, изрази поддршка од името на Грција за прогресот на нашата земја во евроинтеграциите, како и за постигнатото членство во НАТО, и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.

На средбата посебно е разговарано за интензивирање на економската соработка, каде, како и во енергетиката, се бележат видливи резултати.

„Низ економијата, граѓаните на двете држави почнуваат да чувствуваат директни бенефити од Преспанскиот договор, како историски чекор и значајна определба на двете држави за градење добрососедски односи, инклузивна и конструктивна соработка”, рече премиерот Заев.

На средбата е посочена и важноста на соработката во областа на здравството, земјоделството, образованието, културата, социјалната заштита.

Премиерот Заев, упати покана преку амбасадорот Кундурос, до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, за посета на Република Северна Македонија.

Слични содржини