Заев на свеченоста 40 години од постоењето „Тигрите“: Имаме современи формации и функционален систем на национална безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев имаше обраќање на свеченоста по повод одбележувањето на 40 години јубилеј од формирањето на Специјална Антитерористичка Единица – Тигар.

Во придружба на првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Заев положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници на Специјална Антитерористичка Единица – Тигар, и потоа ја проследи свечената програма по повод значајна оваа годишнина.

Премиерот Заев, во рамки на настанот, се потпиша во спомен книгата како прв премиер на кого му е укажана таа можност, а командантот на единицата на претседателот на Владата му врачи јубилејна плакета,

Во име на Владата, на командантот на САЕ-Тигар, Митко Даневски, премиерот Заев му додели благодарница за значајниот јубилеј, и му ја врачи наградата на најдобриот припадник на Специјална Антитерористичка Единица за 2020-та година.

Слични содржини