Заев: Насер Зибери гласаше за СДСМ

од Nikola Popovski

„Се отворија процеси против ДУИ, но и против СДСМ. Има  и пресуди. Бројките беа неприкосновени и затоа моравме да коалицираме со нив“, одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев за емисијата „Топ тема“, на прашањето за коалициската влада со ДУИ.

Тој изјави дека кога ја дигале транспарентноста и отчетноста, на многу политички партии тоа не им се допаѓало, а ДУИ била една од тие партии.

„Јас имам намера да покажам резултат во следните четири години. Граѓаните очекуваат брзи ефекти. ДУИ кога ќе аплицираат и ќе освојат 20-30 проценти македонски гласови и гласовите од другите националности тогаш може да претстават свој кандидат. Нивниот кандидат Насер Зибер гласаше за СДСМ, неговите ставови личеа на нашите. Јас имав соработка со тој човек и добро го познавам. Сакам да нагласам дека немам никакви предрасуди за ниедно место да припадне на Албанец, но не на овој начин“, смета Заев.

Тој соопшти дека уцени нема да прифати од никого.

„Тие јасно испорачаа уценувачка порака, под уцени нема да разговараме, се е отворено за разговор и мојата желба е ДУИ да оди во опозиција“, дополнува Заев.

Слични содржини