Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski

„Уште пред неколку години се отвори дебата за тоа. Албанија веќе го направи, но исто така морам да напоменам дека Уставот се отвора кога се пристапува кон ЕУ“, изјави премиерот Зоран Заев денес од Шуто Оризари, одговарајќи на прашање дали Бугарите ќе влезат во Уставот на земјава.

Тој напомена дека како земја немаме предрасуди.

„Утре ако сакаат да го направиме тоа, не можеме, затоа што немаме две третини. Сепак, се грижиме за сите етнички заедници во земјава. Тие се наши граѓани, родени тука“, рече Заев и додаде дека уставотворноста на државата треба да ја имаме во предвид.

Дијалогот меѓу Бугарија и Северна Македонија мора да продолжи и во иднина, за остварување на единствената и заедничка цел- земјата да започне преговори со ЕУ, изјави неодамна вршителот на должноста, бугарски министер за надворешни работи Светлан Стоев. Тој рече дека „емоциите се пречка, треба да се гради прагматична политика меѓу Бугарија и Северна Македонија“.

Стоев нагласи дека промена на македонскиот Устав е еден од начините за решавање на проблемите со припадниците на бугарската национална заедница во земјата.

Слични содржини