Заев: Не се најдени наоди за сулфур повеќе од дозволеното, но е најдена недозволена прашина во мазутот

од Nikola Popovski

„Деталните информации ни беа доставени во 6 или 7 точки, каде реферираа министерот за екологија, економија, директорот на Царина, директорката на ДПИ и директорката на ДИЖС“, изјави денес премиерот Зоран Заев на прес-конференција, одговарајќи на прашање околу скандалот со увоз на сомнителен мазут.

Тој наведе дека како Влада додале дополнителни задолженија во рок од 7 дена, за да се изготви сублимиран извештај, за да може јавноста полесно да го сфати.

„Не се најдени наоди за сулфур повеќе од дозволениот 1 процент, но се најдени повеќе количини на вода од дозволеното во мазутот, најдено е и дополнителна недозволена прашина“, додаде Заев и дополни:

„Ако влегол мазут кај нас дали излегол од земјите извознички како мазут, дали е тоа масло или не знам какви други тарифни броеви или слично да се утврди токму и тоа за да не се случи манипулација и да се извезува од одредени земји одреден продукт по одредена тарифа, попатно патувајќи да се сменат самите царински документи и декларации, па да се увезе мазут, тоа е исто така многу важно. Ја испраќа пораката. Драго ми е што се бараат дополнителни начини за да има контрола, односно механизми како да се направи контрола на структурата на нафтата и на нафтените деривати и да не полагаме само надеж на приватни лаборатории, туку и на нашите државни лаборатории, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на детска градинка во општина Аеродром.

Слични содржини