Заев: Не се откажувам, ќе одам во Софија повторно и ќе барам решение

од Берта Китинска

Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија.Прогресот треба да зависи од реформите и спроведување на европските стандари, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со Еди Рама.

– Токму затоа сметаме дека во рамката не смеат да се внесуваат билатерални прашања. Тоа ќе биде страшен преседан.Македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори. Северна Македонија стана членка на НАТО и сме НАТО партнери со Албанија и со Бугарија. Но, за Албанија и Северна Македонија Европа останува единствена стратешна цел. За нас европските вредности се светост, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги одбрани. ЕУ нема ексклузивитет врз Европа. ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот. Се уште му даваме шанса на процесот и остануваме посветени на стратешката цел: членство во ЕУ.  Тие што ме знаат, знаат дека не се откажувам.Ќе одам во Софија повторно и повторно и повторно …и ќе барам решение, рече Заев.

Слични содржини