Заев: Не штедете на граѓаните, вложувајте во нив

од Vladimir Zorba

„Апелирам до владите во регионот – не штедете на граѓаните, напротив, вложувајте во нив – во куповната моќ и во развојот на човечкиот капитал“, изјави вчера екс премиерот Зоран Заев од Сараево.

„Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така.

Државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија. Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение.

Компетитивност со идеи, трагање по стабилност и предвидливост. Тоа се чекорите кои ќе не одведат до решенија, а не радикални потези, блокади, исклучивост и насилство“, истакна тој.

Слични содржини