Заев: Не сме добиле никаков нон-пејпер, Владата верува во отстранување на границите само со влезот во ЕУ

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека како Влада се уште немаат добиено никаков нон-пејпер, иако тој се појави во јавноста, со кој се предвидува прекројување на границите на Балканот.

„Ние сме членка на НАТО, нашиот територијален интегритет е заштитен со членот 5 од Договорот со Алијансата, покрај тоа што е заштитен и со нашиот Устав. Како Влада веруваме во тргнување на границите единствено преку влезот во ЕУ, кога ќе се исполни Шенген-механизмот, како што го има тоа меѓу Полска и Чешка, Италија и Австрија итн“, појасни премиерот.

Македонската и регионалната јавност е разбранета последниве денови по контроверзниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во кој станувало збор за прекројување на границите на Западен Балкан. Во тој контекст се споменувало обединување на Албанија со Косово и дел од Северна Македонија, истовремено како и одвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина. Темата предизвика жолчни реакции во државите на Западен Балкан.

Слични содржини