Заев: Не верувам дека за две недели ќе се реши спорот со името

од desk2

Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја денешната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан дека очекува решение за спорот со Грција за две недели, рече дека не верува тоа да се случи тоа толку брзо.

Тој рече дека Јоханес Хан е многу голем пријател на Македонија, и дека се надева оти тој има повеќе информации па е толку оптимист. Но, вели дека утре веќе има повторно средба на министерите за надворешни работи на Грција и на Македонија, на која Заев знае до каде ќе се дои, а тоа секако, не е до крајно решение.

Тој повторно рече дека се надева от тоа сака да се случи до Самитот на НАТО, но и потоа не би било лошо, затоа што повтори Заев, поканата за членство е автоматска, штом се реши спорот околу името на нашата земја.

 

 

 

 

Слични содржини