Заев: Нека не се лаже ДУИ, СДСМ и Беса ќе бидат победници во шестата изборна единица

од Берта Китинска

Коалицијата меѓу СДСМ и Беса, ќе биде победник во шестата изборна единица, изајви  лидерот СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција.

„Коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во 6-тата изборна единица каде што најмногу се мерат влијанието на втората етничка заедница, на албанската, по големина во државата. Очекувам и другите партии да се менуваат и реформираат, ако се менуваат ќе бидат партнер во новата влада“, рече Заев.

На прашањето кога ќе бидат обајвени изборните листи Заев рече дека во СДСМ се прави селекција на кандидатите кои имаат испратено СV.

-Досега има пријавено преку 750 кандидат кои се разгледуваат од страна на домашните и меѓународни експерти, рече Заев.

Слични содржини