Заев: Нема да се кандидирам за претседател, се радувам на слободата

од Берта Китинска

Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и заради Фондацијата Заев и заради моите општествени активности, јас си го сакам нашиот народ, јас ја сакам државата, кажа поранешниот премиер Зоран Заев, на предавањето на тема „Енергетската и инфлациската криза“, што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа, рече дека нема да се враќа во политиката и да се кандидира за претседател на Македонија на следните претседателски избори.

-Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, мирни да бидат спокојни. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помогам оваа и секоја идна Влада имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата. Убаво е да расчистиме. Не зборам само за кога бев политичар за опозицијата тогашна моја и за моите луѓе од СДСМ, и за коалициони партнери и за опозицијата-Заев нема да продолжи. Еве едно важно прашање, темите важни да ги пренесуваме, оваа тема можеби на некој ќе му олесни, ама на луѓето ги интересира живеачката, денеска тоа што се случува, рече тој.

Заев признава дека било чудно што претседател на левичарска Влада доаѓа од бизнисот и капиталот.

– Јас дојдов од бизнисот и беше малку чудно лидер на социјалдемократска левичарска партија да дојде од капитал секторот, но верувам дека донесе една нова вредност затоа што практичарите ги гледаат на еден начин работите, а теоретичарите и креаторите на идеите на националните стратегии од делот на професори, невладини организации, на друг начин па се прави убав микс. Тогаш имате една пореалистичка опција за развојот на државата, мене ми е многу убаво во бизнисот каде што се вратив каде што доаѓам, верувам дека нема човек кој повеќе и се радува на слободата. Се радувам на слободата, кажа тој.

Слични содржини